Македонскиот претставник Шкендија го совлада ерменскиот тим Арарат со 2-0 во првиот меч од воведната рунда од Конференциската лига на УЕФА. Со два гола позитива, тимот на Артим Шаќири ќе патува на реваншот во Ерменија и има убави шанси за пласман во следното коло од ова натпреварување.
Водството за Шкендија го донесе Аденис Шала во 21.минута. Дориев уфрли во шеснаесетникот, а Шала се снајде најдобро и ја погоди мрежата.
Во 45.минута, повторно Дориев беше асистент, а Валмир Нафиу го постигна вториот погодок за Шкендија со прекрасен шут од 20 метри. Костадин Захов имаше одлични одбрани во првиот дел и не дозволи да се тресе неговата мрежа.