Македонскиот фудбалски шампион, тетовска Шкендија со пораз од 2-0 во Летонија кај тимот на Рига го заврши првиот меч од нивниот годинешен настап во Конференциската лига на УЕФА.
Иако статистиката вели дека Шкендија во најмала рака беше рамноправен противник, сепак домаќините искористија две невнимателности на гостинската одбрана за да стекнат солидна предност пред реваншот за 7 дена во Скопје.
Рига од првата своја сериозна шанса дојде во водство. По еден изведен корнер во 13. минута Весли по асистенција на Соисало го матираше Захов.
Во вториот дел тетовци заиграа поангажирано, но грешката на Рамадани во 52 минута домашните знаеја како да ја казнат. Сосиало ја украде топката,го проигра Вакулко, кој пак погоди за конечни 2-0.
Очекувањата се дека тетовската екипа ќе се „разбуди“ од летаргичноста, па на домашен терен ќе прикаже подобра игра која може да донесе пласман во следната фаза.
Фото: ФБ – ФК Шкендија