Актуелниот шампион Шкендија со победа го стартуваше пролетниот дел од Првата лига, откако на дербито во Струмица со 2:1 триумфираше над Академија Пандев.
Домаќините стигнаа до рано водство, откако Даниел Миловановиќ уште во петтата минута ја затресе мрежата на тетовци. Сепак, Шкендија успеа да се врати до крајот на полувремето и во 23. минута израмни преку Арменд Алими по асистенција на Агим Ибраими.
Токму ветеранот Ибраими донесе три поени за Шкендија, откако беше прецизен со гол од пенал во 55. минута од мечот.
По победата, Шкендија остана на осум поени заостанување зад Вардар со 31 поен, додека Академија Пандев е на третото место со 27 поени.
Фото: ФК Шкендија