Top Sport

Шкотите го забранија играњето со глава во младинските категории

Фудбалскиот сојуз на Шкотска воведе ново правило за фудбалерите помлади од 12 години.

Шкотите решиле да забранат игра со глава на тренинзите и натпреварите за сите фудбалери помлади од 12 години.

Новото правило е донесено по опсежните истражувања на Универзитетот во Глазгов кои ја докажале врската помеѓу овој елемент на фудбалската игра и деменцијата.

Во фудбалскиот сојуз на Шкотска сега ја разгледувале можноста правилото да го воведат во младинскиот фудбал, односно да важи до возраст од 17 години.

Scroll to Top