Top Sport

Шкотланѓанец по 20 години ќе пропушти натпревар на репрезентацијата

Шкотланѓанецот Мартин Ридел, прв пат по 20 години ќе пропушти натпревар на својата репрезентација. Шкотска, вечерва, во Белград, гостива кај Србија во клучниот натпревар за пласман на Европското првенство. Шкотска, последен пат на ЕП настапила во 1996 година.

Ридел не го крие разочарувањето што нема да може да го гледа својот национален тим. причината е јасна, поради коронавирусот, натпреварите се играат без присуство на публика. Инаку, веднаш по ждрепката, Шкотланѓаните најавија дека 10.000 навивачи ја следат репрезентацијата доколку избори пласман во финалето на баражот.

„Разочарани сме. Во минатото доживеавме неколку тешки порази, а сега имаме шанса 2020 година да ја завршиме на спектакуларен начин. Неверојатно е што тоа никој од неас нема да го види“, изјавил Мартин за Би-би-си Шкотска.

Scroll to Top