Фудбалерите на Црна Гора и Унгарија одиграа нерешено 0:0 во третото коло од квалификациите за ЕП, во групата Г, доддека во А групата, Шкотска среде Осло ја победи Норвешка.
Во Подгорица, Црна Гора и Унгарија, одиграа натпревар без многу шанси.
Домашните беа блиску до гол во воведната фаза од мечот, кога Наџи несмасно реагираше, но гредата спречи водство на Црна Гора.
Унгарците се заканија во 12. минута преку Салаи, чии удар заврши покрај стативата.
Стеван Јоветиќ возврати 15 минути подоцна, шутирајќи од работ на шеснаесетникот, но топката помина покрај десната статива.
Унгарија и Црна Гора имаат по четири, а Бугарија и Литванија досега освоија само еден бод. Лидер во оваа група со шест бода е Србија.
Фудбалерите на Шкотска направија уште едно изненадување и со пресврт славеа во Норвешка (2:1).
Шкотите со тоа останаа лидери во групата А со максимални девет бодови.
Норвешка водеше од 61. минута, со голот на Ерлинг Халанд од пенал.
Напаѓачот на Манчестер сити ја напушти играта во 84. минута, само три минути подоцна Шкотска израмни преку Дајкс.
Големото славје на Осврлјаните во 89. минута го режираше Меклин, на додавање на Дајкс.