Рома беше на чекор до 1:0 победа над Борусија Менхенгладбах во меч од Лига Европа, но шкотскиот судија Вили Калам реши да ја одигра главната улога на мечот и во 95. минута да додели пенал поради непостоечка игра со рака за на крајот мечот да заврши 1:1.
„Волчицата“ поради голем број на повреди (Сантон, Пелегрини, Кристанте, Калниќ, Запакоста, Мхитарјан, Ундер) играше со подмладен тим, а Николо Заниоло по еден корнер успеа со глава да донесе водство за домашниот тим.
Судското продолжение донесе многу контроверзи откако Калам досуди пенал за гостите, иако снимките јасно покажуваа дека Крис Смолинг ја удри топката со брадата, а не со рака. Бидејќи во Лига Европа нема ВАР, Штиндл на 30 секунди пред крајот донесе реми за германскиот тим.