Милан Шкринијар нема да остане во Интер, потврди неговиот менаџер.Словакот е во последната година од договорот, Интер со месеци преговараше за продолжување на соработката, но Шкриниар конечно реши да го напушти клубот кога ќе му истече договорот.
„Веќе го информиравме Интер дека Шкриниар нема да го продолжи договорот. Како што стојат работите, тој сега може слободно да преговара со други клубови“, изјави менаџерот на фудбалерот.
Веќе е познато дека зад се, најверојатно, стои ПСЖ, кој на Шкриниар му понуди четиригодишен договор и плата од девет милиони евра плус огромен бонус за потпис како слободен играч.
Иако има понуди и од Премиер лигата, речиси е сигурно дека Шкриниар кариерата ќе ја продолжи во Париз.