Top Sport

Шкрињар е најдобар во Словачка

Играчот на Интер Милан Шкрињар е прогласен за најдобар фудбалер во Словачка. Најдобар млад фудбалер е Роберт Боженик од Феенорд, додека Јан Козак од Слован е избран за најдобар тренер.

„Жалам што годинешната церемонија не може да се одржи како стално. Поинаку и не можеше да боде“, рекол за „Правда“, Скрињар.

Дефанзивецот на Интер наградата ја доби во конкуренција на голманот на Њукасл Мартин Дубравка и играчот на Далиен Јифанг Марек Хамшик.

„Лоботка минатата сезона ми кажа дека некој друг би можел да ја земе наградата кога Хамшик ќе замине во Кина. Се надевам дека Марек не ми е лут“, рекол Шкрињар.

Scroll to Top