Top Sport

Шкупи ако го елиминира Динамо ќе игра против Лудогорец или Шамрок Роверс

Фудбалерите на Шкупи дознаа можниот противник во третото коло, во Лигата на шампионите, доколку го минат Динамо Загреб.

Победникот од натпреварот Динамо Загреб-Шкупи во третото коло ќе игра против подобриот од натпреварот Лудогорец-Шамркот Роверс.

Уште еден тим од регионот го дозна својот противник во третото коло. Шампионот на Србија, Црвена звезда во оваа фаза ќе игра против победникот од дуелот Пјуник-Диделанж.

Интересни се дуелите во третото коло кои ќе се одиграат во „Патот на шампионите“.

Монако-ПСВ Ајндховен
Динамо Киев/Фенербахче-Штурм Грац
Унион Сент Жилуа-Глазгов Ренџерс
Бенфика-Митјиланд/АЕК Ларнака

Натпреварите од третата рунда ќе се играат на 2. и 9.август.

Scroll to Top