Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) го игра првиот натпревар од квалификациската рунда од Лигата на Европа против Шамрок Роверс во обид да стигне до плејофот за групната фаза во ова натпреварување. Ниту долгото патување не го наруши амбиентот во тимот на Гоце Седлоски.
„Шамрок е квалитетен тим, но ние сме подготвени за предизвикот. Верувам дека ќе бидеме на вистиското ниво и дека ќе останеме фокусирани до крајот на оваа авантура во Даблин“, изјави шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски.
Тренерот на Шамрок Роверс, Стивен Бредли, максимално го респектира македонскиот првак.
„Шкупи е многу силен тим и му даде огромен отпор на Динамо Загреб во претходното коло од ЛШ. Ги почитуваме максимално, но ќе се обидеме да наметнеме наша игра и се надеваме на триумф“, изјави Бредли.
Натпреварот меѓу Шамрок Роверс и Шкупи е закажан за 21 часот на стадионот „Талахт“ во Даблин.