Македонскиот првак Шкупи го одработи официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ пред утрешниот реванш натпревар против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тимот на Гоце Седлоски е максимално мотивиран и подготвен за чудо, а дека може да се носи со посилниот Динамо покажа и на првиот меч на „Максимир“, со ремито 2:2.
Се подготвуваат последните тактички детали, а Шкупи утре ќе го нападне Динамо Загреб во Скопје, и реално – нема што да загуби.
Фото: Игор Паневски