Македонските претставници во Лига Европа (Вардар, Работнички и Шкупи) денес ги добија своите противници со кои ќе се сретнат во првото квалификациско коло, во Лига Европа. Шкупи доби најтежок противник, иако од ждрепката во Нион не може да бидат задоволни ниту во Работнички.
Шкупи за противник во првата рунда го доби шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Овој тим, лани се врати во Премиер лигата на Шкотска, откако поради банкрот беше вратен во четвртиот ранг на шкотскиот фудбал.
Глазгов Ренџерс во новата сезона влегува со нов менаџер, тоа е легендата на Ливерпул Стивен Џерард.
Среќа во ждрепката немаше ниту Работнички. „Романтичарите“ во првото коло ќе се соочат со најпознатиот унгарски тим Хонвед.
Вице првакот на Македонија, Вардар, кој минатата сезона стигна и до фазата по групи, во Лига Европа, за ривал во првата рунда го доби Пјуник од Ерменија.
Според ждрепката сите македонски претставнци првите натпревари ќе ги одиграат на гостински терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 12.јули, а реваншите на програмата се на 19.јули.