Foto/fcshkupi.com
Натпреварите од 17.коло во Првата македонска фудбалска лига ги обележаа победата на Шкупи во дербито против Шкендија и пресвртот на Струга ТЛ против Тиквеш. Актуениот првак, во Кавадарци, победи и покрај тоа што губеше со 2:0. Шкупи е лидер на табелата, а Струга ТЛ јс скокна Шкендија и сега се наоѓа на второот место.
Шкупи во дербиот на колото ја победи Шкендија и се издвои на челната позиција на табелата. Голот вреден три бода го постигна Трпановски во 37.минута. Напаѓачот на Шкупи, доби топка во простор, се ослободи од својот чува и потоа пласираше на подалечната статива.
Тиквеш со два гола во раната фаза на натпреварот ја шокираше Струга ТЛ. Стрелци беа Згуро (автогол) и Ивановски шестата и 13.минута. Актуелниот шампион во мечот се врати до крајот на првиот дел со головите на Радески во 37. и 42.минута. На крајот за победата на Струга ТЛ ја обезбеди Георгиевски во 82.минута.
Работнички славеше минимална победа над АП Брера. Ова беше прва пибеда за Гоце Седлоски на клупата на Работнички. Домашниот тим во последните 20 минути ја искористи предноста од ограч повеќе. Франко во 53. минута доби црвен карот. Голот за победа го постигна Адем во 70.минута.
Резултати:
Тиквеш-Струга ТЛ 2:3
Работнички-АП Брера 1:0
Шкупи-Шкендија 1:0
Силекс-Гостивар 1:1
Брегалница-Воска спорт 2:2
Вечера, Македонија ЃП-Вардар 0:1
Табела: