Top Sport

Шкупи го доби дербито со Работнички, сега се на само 3 поени зад Струга!

Македонскиот шампион, Шкупи не дозволи камбек на Работнички во дербито на 18. коло во Првата лига, стигнувајќи до 4:2 гостинска победа, со која се доближуваат на само три поени од лидерот Струга со натпревар помалку, откако стружани одиграа само 1:1 против Скопје.

Сандеј Адетунџи ги предводеше Шкупи до брзо водство, уште во седмата минута, за во 21. минута да зголеми на 2:0, а по автоголот на Исмаили во 40. минута се најавуваше „катастрофа“ на „романтичарит“. Но, тие успеаја да се вратат резултатски со двата гола на Максимов во 55. и 63. минута, пред Трапановски да ги постави конечните 2:4 во 79. минута од мечот.

Струга не успеа својата историска полусезона да ја заврши со победа, откако иако имаше водство против Скопје од 57. минута со голот на Малески, на крајот домаќините израмнија со гол од пенал во 75. минута за реми.

ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО
Академија Пандев – Тиквеш 0:2
Брегалница – Победа 2:2
Скопје – Струга 1:1
Работнички – Шкупи 2:4
Силекс – Македонија Ѓорче Петров 1:3

Фото: ФК Работнички


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top