Лидерот во македонската Прва лига, Шкупи стигна до очекувана и убедлива 5:0 победа над Пелистер за своја 10. победа во 14 кола, за да ја заддржи предноста од 4 поени на врвот на табелата од Академија Пандев, кои едвај со 3:2 го совладаа Тиквеш.
Матеј Цветаноски постигна два гола во првото полувреме, а во листата на стрелците се запишаа и Маркоски, Ѓорѓиевски и Чешмеџиев, за тимот на Гоце Седлоски да го продолжи импресивниот есенски дел од сезоната.
Во Струмица, Академија Пандев и покрај тоа што поголемиот дел од второто полувреме го играа без исклучениот Илиев, стигнаа до 3:2 победа над Тиквеш за да го заддржат темпото со лидерот во лигата. Фаворитите стигнаа до победи и во преостанатите три меча – Ренова со 4:1 славеше над Борец во Велес, Струга го совлада Работнички со 1:0, додека еден гол им беше доволен и на шампионите Шкендија за 1:0 победа над Брегалница.
ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО
Академија Пандев – Тиквеш 3:2
Борец – Ренова 1:4
Шкендија – Брегалница 1:0
Шкупи – Пелистер 5:0
Струга – Работнички 1:0
Фото: ФК Шкупи