Top Sport

Шкупи и Динамо без голови на полувреме

Шкупи и Динамо Загреб играат без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во реванш мечот од второто коло во Лигата на шампионите. Сепак, не е дека немаше шанси.

Бруно Петковиќ во 45.минута ја имаше најубавата шанса за Динамо Загреб во првиот дел. Напаѓачот излезе сам пред голманот Наумовски, но се одлучи на дриблинг, и на крајот одбраната на Шкупи интервенираше. Претходно, Петковиќ не ја зафати топката со глава во 18.минута, а шанса имаше и Иванушец. Сепак, не се тресеше мрежата на Шкупи.

И македонскиот првак имаше свои добри моменти. Валид Хамиди шутираше во 15.минута директно во Ливаковиќ, а Џелил Абдула со глава испрати пут над голот.

Шкупи опасно се закани во 41.минута, кога Реналдо Цефас побегна по десната страна, шутираше силно, но за малку не погоди во спротивниот агол.

Scroll to Top