Top Sport

Шкупи има 1:1 на полувреме против Динамо: Куевен донесе водство, Адеми израмни

Македонскиот првак Шкупи има одличен резултат (1:1) на полувреме на „Максимир“ против Динамо Загреб, во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот на Гоце Седлоски игра одлично, а поведе со голот на Инасио Куевен во 25.минута. Долга топка упати Алварез, а Куевен успеа да го надмудри Ливаковиќ.

Во завршницата од првото полувреме, Динамо Загреб израмни преку македонскиот репрезентативец и капитен на хрватскиот шампион, Аријан Адеми. По нафрлувањето на Мохарами од десната страна, Адеми со удар со глава го совлада Кристијан Наумовски.

Scroll to Top