Top Sport

Шкупи ја „прегази“ Победа, нова „нула“ за Шкендија

Шампионот Шкупи стигна до убедлива 6:0 победа на гости кај Победа, за да се врати на 5 поени заостанување зад лидерот Струга (со натпревар помалку) во 16. коло во Првата лига. Лошата серија на Шкендија, пак, продолжи со 0:0 реми со Тиквеш, додека во скопското дерби Работнички со 2:0 беше подобар од Македонија Ѓорче Петров.

Шкупи тргна фуриозно и со головите на Хамиди во 7. и Трапановски во 14. минута дојде до големо водство. До крајот на полувремето, Цефас ја казни грешката на одбраната на Победа за 0:3, а ниту во второто полувреме не беше подобро – Хамиди, Суевен и Алварез ги „дотолчија“ домаќините.

Скопје, пак, со одличен пресврт стигна до 2:1 триумф над Академија Пандев, иако гостите први дојдоа во водство во 61. минута со голот на Митровски во 61. минута. Десет минути подоцна, Хајдари израмни, пред Димов во 84. минута да ја осигура само втората победа на Скопје оваа сезона.

ПРВА ЛИГА,16.КОЛО
Скопје – Академија Пандев 2:1
Победа – Шкупи 0:6
Работнички – Македонија Ѓорче Петров 2:0
Шкендија – Тиквеш 0:0

Фото: ФК Шкупи


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top