Шкупи се врати на осум поени предност пред Шкендија на табелата во македонската Прва лига, откако во дербито со 0:1 славеше кај Работнички, додека Академија Пандев со високи 5:0 го декласираше Скопје во 20. коло.
Голот на Марјан Радески во 67. минута беше доволен за 15. победа на Шкупи оваа сезона, со што се врати на +8 пред актуелниот шампион Шкендија, кои вчера со 0:3 го победија Борец.
Во Струмица, Пепи Георгиев постигна хет-трик за 29 минути за да ги предводи Академија Пандев до 5:0 победа над Скопје, додека Македонија Ѓорче Петров со голот на Арбин Воша стигна до 1:0 победа на гости кај Ренова.
ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
Работнички – Шкупи 0:1
Академија Пандев – Скопје 5:0
Ренова – Македонија Ѓорче Петров 0:1
Струга – Брегалница 1:1
Тиквеш – Пелистер 1:0
Фото: ФК Работнички