Македонскиот претставник Шкупи се подготвува за следниот меч против бугарскиот тим Левски, во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Дуелот е закажан за в четврток, со почеток во 21 часот, на арената „Тодор Проески“.
Клубот од Чаир објави дека билетите се веќе во продажба. Цените се популарни, по 150 и 200 денари.
Преку официјално соопштение на клупскиот сајт, Шкупи објави информации за продажбата, каде може да се купат и во кои термини, а онлајн продажба овојпат нема да има.