Top Sport

Шкупи објави дека нема онлајн продажба на билети за мечот со Левски

Македонскиот претставник Шкупи се подготвува за следниот меч против бугарскиот тим Левски, во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Дуелот е закажан за в четврток, со почеток во 21 часот, на арената „Тодор Проески“.

Клубот од Чаир објави дека билетите се веќе во продажба. Цените се популарни, по 150 и 200 денари.

Преку официјално соопштение на клупскиот сајт, Шкупи објави информации за продажбата, каде може да се купат и во кои термини, а онлајн продажба овојпат нема да има.

Scroll to Top