Top Sport

Шкупи победи на дербито со Шкендија, реми за лидерот Струга ТЛ

Шкупи победи на дербито со Шкендија во Кичево со 2:0 и ја намали негативата во однос на лидерот Струга Трим Лум, кој ремизираше (1:1) на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци. Сега негативата е само еден бод.

Фреди Алварез беше стрелец на водечкиот гол за Шкупи. Тој шутираше од 12 метри откосо од десната страна и го совлада Талевски во 36.минута. Шкендија не беше без шанси, одлични можности пропуштија Хасани и Милев. Трапановски во судиското продолжение го постави конечниот резултат за триумф на Шкупи од 2:0.

Тиквеш и Струга Трим Лум ремизираа 1:1 во Кавадарци. Александар Мишов стрелаше во 43.минута за водство на Тиквеш, а Валентин Кочоски од слободен удар израмни на 1:1 во 87.минута.

Академија Пандев победи на гости со 0:1 против Македонија ЃП. Михеили Ергемлидзе во 74.минута беше стрелец на погодокот.

Брегалница и Скопје ремизираа без голови на дуелот во Штип.

Работнички триумфираше со 0:2 против Победа во Прилеп. Дејан Ѓуриќ во 14.минута со удар со глава донесе предност, а Крсте Велкоски од слободен удар во 89.минута го постави конечниот резултат.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top