Македонскиот првак Шкупи одигра 2:2 против големиот фаворит Динамо Загреб на гости на „Максимир“ во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ова е одличен резултат за тимот на Гоце Седлоски пред реваншот во Скопје по една седмица.
Инасио Куевен во 25.минута успеа да го доведе Шкупи во водство, но радоста пред полувремето ја скрати Аријан Адеми кој израмни во 44.минута.
Бруно Петковиќ во 86.минута се погрижи за пресврт, но само три минути подоцна Реналдо постигна втор погодок за Шкупи и донесе реми на „Максимир“.
Dinamo ???
Bramka na 2-2 jakiś Renaldo Cephas wypożyczony z Jamajki 🙂pic.twitter.com/m8xJyBsXES
— Ramirez (@CommonSensePL) July 19, 2022