Македонскиот првак Шкупи продолжува да се засилува пред настапот на европска сцена. Нов играч на тимот од Чаир е напаѓачот Пепи Ѓоргиев кој минатата сезона ја мина во дресот на Академија Пандев.
Ѓоргиев потпиша едногодишен договор со Шкупи и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од составот на Гоце Седлоски.
Шкупи за прв ривал во квалификациите за ЛШ го има Линколн Ред Импс од Гибралтар.