Голманот на Лестер Каспер Шмајхел му бил лут на судијата Мајкл Оливер по поразот на „лисиците’ од Ливерпул (0:4) во 19 рунда, во Премиер лигата.
Ливерпул првото полувреме го добија со голот на Фирмино, а во второто, во интервал од седум минути постигнаа три гола, еден од нив од пенал.
На прашањето дали конечниот резултат е реален, Шмајхел рекол.
„Мислам дека е малку превисок, бевме во игра се додека судијата не реши да се направи херој. Тие во моментов се најдобриот тим во светот, заедно со Манчестер сити. Ние целиме да бидеме како нив, но нашето патување е во раната фаза“, рекол Шмајхел.
Данскиот репрезентативец не може да го преболи досудениот пенал за Ливерпул.
„Како му беше името…Дермот (Галагер, поранешен судија) сега на Скај телевизија ќе каже дека одлуката била сјајна, дека судијата бил храбар. Не знам што требаше Сујунџу да направи, имаше милисекунда да реагира кога го погоди топката в рака“.
Лестер и покрај поразот останаа на второто место на табелата. сега имаат 13 поени помалку од Ливерпул.