Top Sport

Шмајхел би „направил сè“ да потпише за Манчестер јунајтед

Најголемиот сон на Каспер Шмајхел е да се приклучи на Манчестер јунајтед, вели неговиот поранешен соиграч во Манчестер сити Микел Бишоф, кој додава дека синот на легендата Петер Шмајхел „би направил сè“ да го добие тој трансфер.

33-годишниот Данец има одлична кариера во англискиот фудбал во последните 15 години, откако започна во сениорскиот тим на Манчестер сити во 2005 година. Тој се приклучи на Нотс каунти во 2009, пред да замине во Лидс јунајтед, па во Лестер, каде што дојде во 2011 и стана прв голман на клубот за кој има 378 настапи и титула од Премиер лигата.

Шпекулациите неодамна го поврзуваа со трансфер на „Олд Трафорд“, каде што неговиот татко Петер стана голманска легенда. Оле Гунар Солскјер бара сигурна замена за Давид де Хеа и Бишоф, кој беше во Манчестер сити од 2001 до 2006 за данскиот „Екстра бладет“ вели дека тој трансфер е реален.

„Најуспешните голмани на светот се во своите 30-ти години и тој може да има одлични три-четири сезони таму. Шмајхел е голем навивач на Манчестер јунајтед од своето раѓање и тој би направил сè да игра таму. Ако Каспер добие шанса, тој ќе ја искористи“, вели Бишоф.

Scroll to Top