Легендарниот голман на Манчестер јунајтед и на данската репрезентација Петер Шмајхел е полн со пофалби за Ерлинг Халанд.
Норвежанецот постигна три гола во победата на неговиот Манчестер сити од 6:3 над градскиот ривал Јунајтед.
„Трпението е еден од најважните квалитети на добар напаѓач. Сум играл против некои од најдобрите напаѓачи, кога ќе исчезнат, тогаш голманот треба да биде особено фокусиран. Кристијано Роналдо, Филипо Инзаги и слични играчи, исчезнуваат и одеднаш ќе влезат во шанса“, рече Шмајхел и додаде:
„Кога го гледате Халанд, гледате различни играчи. Тој постигна гол како Златан, опасен е како Роналдо, многу врвни напаѓачи во еден, затоа е толку опасен“.
Халанд досега постигна 14 гола на осум натпревари во Премиер лигата и е прв на листата на стрелци.
Најмногу голови во една сезона во историјата на Премиер лигата постигнаа Енди Кол и Алан Ширер, по 34, а ќе видиме дали Норвежанецот ќе може да им се закани.
„Никогаш не сум видел толку немилосрден напаѓач како Халанд. Тој едноставно има се“, изјави поранешниот фудбалер на Лидс, Џонатан Вудгејт.