ПСВ Ајндховен го ангажираа германскиот тренер Роџер Шмит. Со овој 52 годишник, клубот од Ајндховен договориле две годишна соработка.
Шмит доаѓа на местото на Ернест Фабер кој беше назначен на функцијата како привремено решение кога позицијата ја напушти Марк Ван Бомел.
Шмит зад себе има одлични резултати со Салцбург и Баер Леверкузен. Оваа сезона беше без работа откако минатото лето замина од Пекинг Гуан.
Прва задача ќе му биде да го подобри пласманот на тимот во Ередивизијата.
ПСВ Ајндховен се четврти на табелата со седум поени помалку од Ајакс и АЗ Алкмар и еден од Феенорд.