Top Sport

Шо ќе биде „награден“ со нов петгодишен договор

Според британскиот весник „Експрес“, Манчестер јунајтед ќе му понудат на дефанзивецот Лук Шо нов петгодишен договор, наградувајќи го за одличните игри оваа сезона, со кој ќе заработува одлични 150.000 фунти неделно.

Лук Шо, фудбалерот кој дојде од Манчестер јунајтед од Саутемптон во јули 2014 година, е еден од ретките кои блескаат оваа сезона, иако досега има само 75 официјални настапи за Јунајтед поради проблемите со повредите – тој дури осум пати беше повреден откако дојде на „Олд Трафорд“.

По критиките кои ги добиваше минатата сезона од менаџерот Жозе Мурињо, 24-годишниот Шо се врати ослабен и во подобра форма на стартот на сезоната дури постигнувајќи еден гол, а во август беше прогласен за фудбалер на месецот на Јунајтед.

Фото: ЕПА

Scroll to Top