Ајван Тони и Бретнфорд извојуваа сензационална победа на „Етихад“ против Манчестер сити. Тони, кој не се најде на списокот за Светското првенство во Катар, му пресуди на актуелниот првак со гол во 98.минута.
Брентфорд со организирана игра во одбраната и брзи контранапади оствари голема победа над Манчестер сити. Одбраната на Брентфорд во целост го запре првиот стрелец во лигата, Ерлинг Халанд, а во нападот Ајван Тони искористи две од трите шанси кои му ги сервираа неговите соиграчи.
Тони првиот гол го постигна во 16.минута. Сити израмни во првата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Фил Фоден постигна убав гол.
„Граѓаните“ доминираа во вториот дел, но не создадоа многу шанси пред голот на Раја. Во 98.минута пеколната контра на Брентфорд со гол ја заврши Тони.
Овој играч една минута подоцна можеше да постигне уште еден гол, но не успеа бидејќи де Брујне од гол-линијата ја исфрли топката во поле.