Top Sport

Шок од Истанбул: Мертенс и Тореира во Галатасарај, ќе дојде ли и Роналдо?

Турскиот гигант Галатасарај тргна во неверојатна акција во финишот на летниот преоден рок. Во Истанбул пристигнаа Дрис Мертенс и Лукас Тореира и треба да потпишат со Галатасарај, а каталонскиот весник „Спорт“ најавува дека клубот е во преговори и со Кристијано Роналдо.

Мертенс доаѓа како слободен агент откако не успеа да се договори со Наполи за продолжување на соработката. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот од Неапол, а Лукас Тореира ќе биде купен од Арсенал кој не смета одамна на уругвајскиот интернационалец.

Како ова да не е доволно, па има најави дека и португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо би можел да потпише за Галатасарај. Огромниот број фанови на Галатасарај се во екстаза.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');