Top Sport

Шок во Нант, Кардиф ги обвини дека го убиле Сала

Шок и неверување владее во фудбалскиот клуб Нант откако од фудбалскиот клуб Кардиф против нив покренале тужба за убиство на Емилијано Сала.

Од трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач помина една година. Официјалната истрага се уште не ги утврдила причините за падот на авионот и за смртта на Сала, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон не е пронајдено.

Недоразбирањата помеѓу клубовите започна во моментот кога Кардиф одбија да го платата обесштетувањето. Во меѓувреме челниците на клубот од Велс отвориле нов фронт.

„Лекип“ пишува дека тие од француските власти побарале да покренат кривична истрага против Нант, сопственикот на клубот Валдамар Кита и менаџерот Вили Мекеј за убиство на Емилијано Сала.

Во Нант биле шокирани од тужбата, поради што на јавноста и се обратиле само со соопштение.

„Фудбалскиот клуб Нант е шокиран од лудиот обид на Кардиф да ја искористи големата трагедија. Нант од почетокот имаше јасен став за целата ситуација. Се однесувавме како одговорна страна, додека Кардиф цело време се обидуваа со лажни приказни да го смени мислењето на јавноста“, се наведува во соопштението.

„Оваа очигледна медиумска кампања е многу непримерна. Пред само неколку дена дадовме едно-годишен помен за Сала. Кардиф лажат бидејќи наскоро случајот ќе се најде пред Судот за спортска арбитража во Лозана“.

Scroll to Top