Top Sport

Шок во ПСВ – Ван Нистелрој поднесе оставка

Легендарниот Руд ван Нистелрој повеќе не е тренер на ПСВ Ајндховен, потврди холандскиот клуб.

Поранешниот репрезентативец на Холандија се повлече на коло пред крајот на првенството.

„Главниот тренер Руд ван Нистелрој утринава објави дека го напушта ПСВ. Клубот жали за неговата одлука и му е благодарен за освојувањето на Купот и Суперкупот на Холандија“, се вели во соопштението и се истакнува дека се надеваат дека ќе ја завршат сезоната на второто место.

Тимот ќе го предводи Фред Рутен од клупата во недела против АЗ Алкмар во последното коло од Ередивизија.

Холандските медиуми изминативе недели пишуваа дека Ван Нистелрој не е во најдобри односи со неговите помошници Рутен и Андрео Ојер, а поранешниот напаѓач се пожали на управата на клубот и на некои од клучните играчи.

Во последното коло ПСВ не смее да загуби во Алкмар, во спротивно Ајакс со победа против Твенте може да го преземе второто место и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Ван Нистелрој беше првиот тренер на ПСВ од март 2022 година.

Scroll to Top