Top Sport

Шок за Аргентина, Серхио Ромеро ќе го пропушти СП

Првиот голман на фудбалската репрезентација на Аргентина, Серхио Ромеро, поради повреда ќе го пропушти Светското првенство во Русија, објави доцна синоќа Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

Ромеро го повредил коленото на последниот тренинг, а повредата е таква што тој не може да се рехабилитира до стартот на мундијалот. Аргентинскиот сојуз објави дека Ромеро ќе мора да го оперира повреденото колено.

Серхио Ромеро е стандарден на голот на Аргентина, додека во Манчестер јунајтед му е резерва на Давид Де Хеа. Оваа сезона тој бранеше на 10 натпревари за „црвените ѓаволи“. Вкупно за Аргентина настапил на 94 натпревари.

Селекторот Хорхе Сампаоли на спискот има уште двајца голмани, 36-годишниот Вилфредо Вили Кабаљеро од Челси и Франко Армани од Ривер плата. Во наредните денови тој ќе повика уште ден голман на подготовките.

Scroll to Top