Top Sport

Шок за Баерн – Томас Милер е позитивен на Ковид-19

Баерн Минхен и Тигрес, вечерва ќе го одиграат финалниот меч на Светското клупско првенство. Пред мечот, со лоши вести се соочија во редовите на европскиот првак. „Скај Спорт“, објави дека Томас Милер е позитивен на вирусот Ковид-19.

Милер, пред три дена, одигра еден час во победата на Баерн над Ал-Ахли (2:0). Играчите на Баерн, неколку часа пред натпреварот, повторно ќе бидат тестирани.

Она што може да биде проблем за Баварците, дали по враќањето во Германија, тимот ќе мора да биде во задолжителен, 10.дневен карантин.

По враќањето од Катар, Баерн ќе игра против Арминија и Ајнтрахт во Бундес лигата, на 23.февруари, притив Лацио во Лигата на шампиони.

Scroll to Top