Ла Масија е една од најпознатите фудбалски школи во светот. Од оваа академија Барселона долго време влечеше играчи за првиот тим, во поново време таков е примерот со Чави, Иниеста, Пике, Бускетс, Меси…Со заминувањето на Пеп Гвардиола бројот на играчи од Ла Масија кои успеваат да се наметнат, а потоа и да играа за првиот тим е сведен на минимум.
Еден од најголемите таленти во академијата на Барселона е Чави Симонс, за кого многумина сметаат дека е наследникот на Меси. Поради тоа низ фудбалскиот свет силно одекна веста дека овој млад играч по девет години решил да замине од Барселона.
Чави Симонс има 16 години, а иако тоа официјално не е потврдено, тој ќе се пресели во Пари Сен Жермен.
Доколку неговата следна дестинација биде Париз, тоа значи дека Пари Сен Жермен ќе и зададе уште еден сериозен удар на Барселона.