Top Sport

Шок за Јувентус – Заврши сезоната за Киеза

Јувентус, вчера, со спектакуларен пресврт ја победи Рома во Рим (4:3). Победата на „Олимпико“, Јувентус скапо ја плати. Претпладнево, тренерот Масимилијано Алегри, добил информација дека до крајот на сезоната нема да може да смета на Федерико Киеза.

Крилниот напаѓач, се повреди во првото полувреме, со помош на лекарите тој го напушти теренот. Претпалднево, магнетната резонанца, потврдила дека Киеза ги скинал лигаментите во коленото. Наредните денови тој ќе биде опериран и ќе го започне процесот на рехабилитација, кој ќе трае од четири до шест месеци.

Повредата на Киеза прествува проблем и за италијанскиот селектор, Роберто Манчини, во пресрет на баражот со Македонија, за пласман на Светското првенство во Катар.

Исто така, јасно е дека Алегри сега нема да размислува за продажба на Дејан Кулушевски, кого медиумите го поврзуваа со трансфер во Тотенхем.

Scroll to Top