Top Sport

Шок за навивачите на Реал – Алаба не гласал за Бензема туку за Меси

Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба го навлече гневот на навивачите на „кралскиот клуб“, бидејќи гласаше за Лионел Меси во изборот за најдобар фудбалер на светот.

Навивачите на социјалните мрежи му приредија вистински „линч“ на Австриецот, поради неговиот избор.

Алаба потоа мораше да се правда зошто најмногу гласови му дал на Меси, а не на неговиот соиграч Карим Бензема. кој беше во конкуренција за наградата.

„Во однос на наградата за најдобар играч на ФИФА, репрезентацијата на Австрија гласаше за оваа награда како тим, не гласав само јас. Во тимскиот избор сите имаат можност да гласаат, така одлучивме. Сите знаат, особено Карим, колку јас го ценам него и неговите квалитети, честопати зборував дека за мене тој е најдобриот напаѓач на светот. И сè уште е така. Без сомнение“, напиша Алаба на својот Инстаграм.

Дали со оваа објава успеа малку да ги смири страстите во клубот, останува да видиме.

Scroll to Top