Top Sport

Шок за Рома се повреди Вајналдум

Фудбалскиот клуб Рома потврди дека Џини Вајналдум доживеал тешка повреда на вчерашниот тренинг. Холанѓанецот неколку месеци ќе биде на рехабилитација, што значи дека ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Вајналдум, летово од ПСЖ се пресели во Рома, се повреди во финишот на неделниот тренинг, објави „Скај спорт Италија“, без да го открие идентитетот на фудбалерот кој е одговорен за повредата на Холанѓанецот.

„По повредата со која се здоби на тренингот во неделата попладне, Вајналдум потоа беше подложен на медицински тестови кои потврдија фрактура на тибијата на десната нога“, се вели во соопштението на Рома.

„Играчот ќе биде подложен на дополнителни проценки во наредните денови“, се додадоа во соопштението.

Првите прогнози велат дека холандскиот играч од средниот ред би можел да се врати на теренот за три месеци.

Scroll to Top