Top Sport

Шок за Тухел: Фрајбург го елиминира Баерн од Купот на Германија

Томас Тухел имаше успешно деби во Бундеслигата, но доживеа шокантна елиминација со Баерн Минхен во четвртфиналето на Купот на Германија. Баварскиот клуб на „Алијанц арена“ загуби од Фрајбург со 1:2 и го завршува патот во ова натпреварување.

Баерн Минхен поведе со голот на Дајот Упамекано кој со удар со глава погоди во 19.минута, но само осум минути подоцна Хофлер израмни со прекрасен шут од 25 метри.

Во судиското продолжение од мечот, беше досуден пенал за Фрајбург откако Мусијала играше со рака во шеснаесетникот, а Холер успеа да го реализира за голем триумф на гостите.

Scroll to Top