Top Sport

Шокантен финиш на „Кинг Пауер“ – Клоп и Ливерпул останаа со празни раце

Шокантни последни десетина минути на стадионот на Лестер „Кинг Пауер“ за актуелниот англиски фудбалски шампион.
До 79 минута Ливерпул предводен од Јирген Клоп имаше позитива од 1-0 благодарение на погодокот на Салах од 67 минута.

Никој се чини не се надеваше дека Лестер е способен за ваков епски пресврт во завршницата од мечот пред се поради фактот што гостинот од Ливерпул имаше поголем посед на топката и повеќе упатени удари кон противничкиот гол цел саат од мечот.

Мадисон во 79 минута погоди за израмнување 1-1.

Уште пулените на Клоп не се свестија, а веќе губеа со 2-1. Џејми Варди во 81 минута прави пресврт.

Точката на мечот ја стави Барнс со погодокот во 85 минута.

По 24 одиграни меча Ливерпул е на четвртата позиција со -10 бода од лидерот Манчестер Сити, додека „лисиците“ на
Брендан Роџерс го прескокнаа Јунајтед и сега се втори, со 46 бода.

Scroll to Top