Еден од најдобрите српски фудбалери, Немања Матиќ, ја шокирал јавноста со пораката што ја објавил на социјалните мрежи.
Матиќ на „Инстаграм“ објавил цитат за кој не се знае од каде е преземен, а мистерија и причината што играчот на Манчестер јунајтед објавил нешто вакво.
„Да. Немања Матиќ е подготвен да загине за Србија, исто како што е неговата татковина, со ист таков ентузијазам подготвена повторно да го предаде. И таа тоа ќе го направи. Не се сомневај Немања!“, објавил Матиќ.
Фудбалерот на Манчестер јунајтед поради повреда ќе ги пропушти натпреварите во Лигата на Нации, што Србија ќе ги одигра против Црна Гора (четврток) и Романија (недела).
Инаку според најавите Матиќ во друштво на својот менаџер од Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, треба да го гледа натпреварот во Подогорица помеѓу Црна Гора и Србија.