Top Sport

Шон Дајч ќе добие бонус од 3.5 милиони фунти ако избори опстанок со Евертон

Новиот менаџер на Евертон, Шон Дајч ќе добие бонус од 3.5 милиони фунти ако успее да ги заддржи „карамелите“ во Премиерлигата, тврди „Дејли мејл“. Дајч минатата недела го замени Френк Лампард и во првиот меч успеа со 1:0 да го победи лидерот Арсенал, за надеж на „Гудисон парк“.

Поранешниот прв човек на Барнли би можел да добие и повисока сума во зависност од тоа каде ќе завршат Евертон на табелата во јуни. Опстанокот во елитата останува клучен за иднината на Евертон, бидејќи секоја сезона во Премиерлигата носи околу 200 милиони фунти за клубовите.

Евертон играат со локалните ривали Ливерпул во „Мерсисајд дербито“ во понеделник, пред на 18 февруари да играат со Лидс, кои се пред нив на 17. место на табелата и само што го отпуштија менаџерот Џеси Марч.

Scroll to Top