Top Sport

Пелистер потклекна во второто полувреме, пораз од данскиот Скандерборг

Еурофарм Пелистер го забележа четвртиот пораз во седмото коло на Европската на ЕХФ, откако на гостувањето во Данска, загуби со 24:22 (11:11) од Скандерборг по катастрофалниот почеток на второто полувреме.

Македонскиот претставник во европските купови, одигра одлично прво полувреме во кое беше израмнет со фаворизираниот противник, за на почетокот на второто полувреме да падне во криза и да дозволи домаќините да направат предност од дури 7 гола. Задоцнетиот добар финиш на крајот не беше доволен да се надополни разликата.

Пешевски и Радовиќ беа најефикасни за Пелистер со по четири гола, додека Атанасијевиќ додаде три, додека најдобар играч на битолскиот клуб беше дефинтивно голманот Лесјак со 12 одбрани. За победниците, Балинг имаше седум гола, а Теигрум шест гола.

Фото:
РК Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top