Top Sport

Само Ледецка побрза од Вон

Линдзи Вон покажа дека има намера да се врати на победите од Светскиот куп во алпско скијање, откако постави второ најдобро време на конечниот тренинг пред спустот во Лејк Луис, Канада.

Американката имаше време од 1:48.29, со што беше за само 0.15 секунди послаба од Чехинката Естер Ледецка, и 0.54 секунди пред Тина Вајратер од Лихтенштајн, која постави најдобро време на првиот тренинг.

Канадскиот ски центар Лејк Луис на запад од Калгари ќе биде домаќин на два спуста – во петок и сабота, и една супер-џи трка во недела. Вон има 77 победи од Светскиот куп и е на само девет од вечниот рекорд на Ингемар Стенмарк, а во Лејк Луис има 14 победи во спуст и 4 во супер-џи

„Имав солидно возење, но може да бидам многу подобра утре. Се чувствувам самоуверено и добро“, вели Вон.

Scroll to Top