Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола од челниците на клубот добива буџет од 300 милиони фунти за засилување за екипата за следната сезона.
„Граѓаните“ во идната сезона влегуваат со императив достигнување на Ливерпул и враќање на титулата во ПЛ на „Итихад“.
Сити веќе заклучи два трансфери, за 21 милион отштета во своите редови гоо доведе стигна Феран Торес. Освен него, екипата на Гвардиола идната сезона ќе биде засилена и со Најтан Аке од Борнмут кој во Манчестер доаѓа за 43 милиони евра.
Освен ови двајца, англиските медиуми пишуваат и дека Манчестер Сити има подготвено 100 милиони фунти за напаѓач кој го следи веќе подолго време. Засега не се споменува името на напаѓачот.
Сити сака во своите редови да го доведе и Калиду Кулибали од Наполи кој би чинел околу 80 милиони фунти.
Финишот на шопингот на Гвардиола треба да е Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ младиот Португалец го купија за 120 милиони евра. Сепак, тој не се наметна кај Симеоне, па би можело за околу 80 милиони фунти да се пресели во Манчестер.