Top Sport

Шоу на Ен Несири против Кадиз

Фудбалерите на Севилја го совладаа Кадиз со 3:0 и со натпревар повеќе ја минаа Барселона на третото место во Ла Лига. Дуелот на ривалите од Андалузија мина во знакот на Мароканецот Јусуф Ен Несири.

Ен Несири постигна хет-трик, головите ги постигна во 32., 37. и 62.минута. Мароканецот постигна уште еден гол, во 65.минута, кој му беше поништен поради офсајд.

Ен Несири игра во голема форма, ова е негов втор хет-трик на последните четири натпревари, на кои вкупно постигна седум гола. Со 12 гола, во моментов, Мароканецот е најдобра стрелец во Ла Лига.

Scroll to Top