Златан Инрахимовиќ уште една го обележа фудбалското дерби на Лос Анџелес. Поранешниот шведски репрезентативец постигна два гола во ремиот помеѓу Лос Анџелес ФЦ и Лос Анџелес Галакси.
Ибрахимовиќ го постигна првиот гол во втората минута, а откако Блесинг израмни десет минути подоцна, ветеранот постигна уште еден гол во 15 минута. Минута подоцна Галакси поведоа со 1-3, со голот на Павон.
Сепак домашниот тим на крајот успеа да освои еден бод. Блесинг со својот втор гол го намали резултатот во финишот на првиот дел, а конечните 3-3 ги постави Карлос Вела во 53 минута.
Вела потоа се најде во центарот на вниманието кога беше заменет во 61 минута. Лут, Мексиканецот ја фрли капитенската лента.