Леванте забележа победа 2:0 во дуелот со Виљареал во 30.коло, во Ла Лига. До победата Леванте го предводеше популарниот „Ел Команданте“, капитенот Хозе Луис Моралес. Македонскиот репрезентативец Енис Барди, со одлука на тренерот остана на клупата за резерви.
Леванте, против четврт-финалистот во Лигата на шампионите, ја забележа четвртата победа во сезоната. Од сигурната зона, односно од 17.место на кое се наоѓа Кадиз, Леванте го делат пет бода.
Од друга страна Виљареал се оддалечи од местата кои овозможуваат пласман во европските купови наредната сезона.
Моралес го реши мечот со два гола. Првиот го постигна по додавањето од Роџер Марти во 69.минута, а вториот откако во 92.минута ја искористи грешката на Первис Еступињан, со серија дриблинзи го скрши Херонимо Рули и ја затресе мрежата.